Утрински Весник
Македонија

Караџовски: Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата

Двајца кинески инженери од „Синохидро“ пристигнаа во државава, тие се без симтоми на коронавирус и се под здравствен надзор
Dik 300x250 mk

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата, бидејќи за да се прекине настава потребно е да се донесе одлука на ниво на Влада, која прогласува епидемија на ниво на држава, истакна денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, посочи, се тие што даваат предлог за прекинување на наставата, а досега таков предлог не е направен, ниту ќе се направи во следните денови.

– Се работи за заболување кое сега го има врвот. Пикот на грипот се очекува оваа и следната недела. Согласно епидемиолошките критериуми за грип сега ќе се зголеми бројот на заболени, а  во периодот што следи заради подобрување на времето и пролетните температури бројот ќе биде намален. Секој респираторен вирус и секое респираторно заболување не значи грип, секое респираторно заболување не значи бронхит и бронхопневмонија. Нормално е да има кивање, кашлање, нормално е сега да има, во сред лето нема грип, додаде д-р Караџовски, одговарајќи на новинарско прашање. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!