Утрински Весник
Македонија

Средба на Заев со групата Renew Europe во ЕП: Продолжуваме да даваме аргументи пред ЕУ, очекуваме дека тоа да се вреднува

Средба на Заев со групата Renew Europe во ЕП:  Продолжуваме да даваме аргументи пред ЕУ, очекуваме дека тоа да се вреднува

21 февруари 2020

Средба на претседателот Заев со групата Renew Europe во ЕП: Продолжуваме да даваме аргументи пред ЕУ, очекуваме дека тоа ќе вреднувано

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски денеска оствари средба со делегација на групата во Европскиот парламент Renew Europe предводена од претседателот Дачиан Колош.

На средбата се разговараше за актуелни теми, предизвиците во евроинтеграциите, реформскиот процес, како и актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија.

Пред присутните, претседателот Заев ги истакна спроведените реформи што Владата предводена од СДСМ ги спроведе а се важни за евроинтеграциите но и за самата држава.

– Во изминатите две и пол години покажавме дека сме посветени на европската иднина. Сторивме се што ЕУ од нас бараше. Се посветивме на реформите кои се важни за правдата, за државата но и за европската иднина на нашите граѓани. Го усвоивме Законот за Јавно обвинителство кој е аргумент плус пред нашите партнери во ЕУ и испративме порака дека сме силно мотивирани во процесот на реформи. Ќе продолжиме да даваме уште повеќе аргументи пред Унијата и верувам дека тоа ќе биде препознаено и вреднувано“ порача претседателот Заев.

Претседателот Заев додаде дека важно е и ЕУ да даде дополнителен имплус за да продолжи мотивацијата на граѓаните и институциите за остварување на стратешката цел, интеграција во ЕУ.

Претседателот на Renew Europe Дачиан Колош му честиташе на Заев за храброста и лидерството во решавање на отворените прашања, и честиташе на државата за постигнатите успеси на домашен и меѓу народен план и порача дека групата европратеници што тој ја предвдои во Европскиот парламент ќе продолжи силно да се залага за брзо отворање на преговорите на Унијата со Република Северна Македонија и нејзина интеграција во Европската унија.

 

 

 

                Центар за комуникации на СДСМ

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали