Утрински Весник
Македонија

Со два проекта Општина Гевгелија ќе аплицира на јавниот повик од Бирото за рамномерен развој

Со два проекта Општина Гевгелија ќе аплицира на јавниот повик од Бирото за рамномерен развој

Гевгелија, 21 февруари 2020 (МИА) – Со проектите за изградба на фекална канализација со препумпна станица во селото Милетково и за доизградба на локалниот пат до планинското село Ума, Општина Гевгелија ќе аплицира за средства на јавниот повик од Бирото за рамномерен развој кои се наменети за развој на подрачја со специфични потреби и села, потврдија денеска од општината.

За изградбата на фекална канализација со препумпна станица во Милетково на Општина Гевгелија ќе и требаат околу 15,7 милиони денари, а за доизградба на локалниот пат до селото Ума уште 8,1 милиони денари.

Општина Гевгелија соопшти дека ги прифаќа и условите за кофинансирање од 10 отсто или сопствено учество од околу 810.000 денари за изградба на патот до селото Ума и учество од 50 отсто или околу осум милиони денари за изградба на фекалната канализациска мрежа во селото Милетково. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија