Утрински Весник
Спорт

Кикс на европскиот шампион Словенија во Унгарија

Кикс на европскиот шампион Словенија во Унгарија

Шомбатели, 20 февруари 2020 (МИА) – Европскиот кошаркарски шампион Словенија со пораз ги почна квалификациите за континенталниот турнир во 2021 година. Унгарија во Шомбатели ги совлада „змајчеки“ со 77:75 (по четвртини: 16:16, 16:20, 17:18, 28:21).
Иако Словенците вечерва беа посилни за Американецот Џордан Морган, сепак, се „лизнаа’ на теренот на селекцијата која на последното ЕП го освои 16-то место.
Јака Блажич со 18 коша и Морган со 16 беа најефикасени словенечки кошаркари додека лидери во победничкиот тим беа Ален Роско со 16 поени и Давид Војвода со 15 кон кои додаде и седум скока. сѓд /сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина