Утрински Весник
Спорт

Лига Европа: Салцбург пред елиминација, Јунајтед ремизира кај Бриж

Лига Европа: Салцбург пред елиминација, Јунајтед ремизира кај Бриж

Франкфурт, 20 февруари 2020 (МИА) – Салцбург е пред елимнинација во шеснаесетфиналниот двомеч со Ајнтрахт во Лига Европа. Бундеслигашот од Франкфурт славеше на домашен терен со 4:1 за, многу веројатно, формалниот реванш во Австрија.
Манчестер Јунајтед ремизира (1:1) на гостувањето кај Бриж што, секако, е резултат што и тоа како влева оптимизам кај „црвените ѓаволи“ за опстанок во фудбалска Европа сезонава.
Голема работа уште во првиот меч заврши и Интер чии фудбалери го совладаа Лудогорец во Бугарија со 2:0.
Лига Европа, шеснаесетфинале, први мечеви: Ајнтрахт Франкфурт – Салцбург 4:1, Бриж – Манчестер јунајтед 1:1, Лудогорец – Интер 0:2, Клуж – Севилја 1:1, Хетафе – Ајакс 2:0, Копенхаген – Селтик 1:1, Шахтјор – Бенфика 2:1, Спортинг Лисабон – Истанбул Башакшехир 3:1. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење