Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Средба на Спасовски со постојаната координатирка на ОН Дуџак

Средба на Спасовски со постојаната координатирка на ОН Дуџак
Img 7972

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретна со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации (ОН) во нашата држава, при што е истакната добрата соработка во делот на посветеноста кон 17-те цели за одржлив развој и Агендата 30 на ОН.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е оценето дека нашата држава, во историските моменти во коишто се наоѓа со очекувањата за полноправно членство во НАТО и исчекор во евроинтеграциите, покажува одговорен однос кон важните прашања кон коишто се фокусирани, како ОН, така и ЕУ.

Констатирана е јасна политичка волја од нашата држава кон исполнувањето на целите за одржлив развој поставени од ОН, што се гледа во Волонтерскиот национален преглед што првпат го подготвува нашата држава, со јасен и широк опис на досегашните постигнувања во сите 17 области, а којшто ќе биде претставен на Политичкиот форум на високо ниво во Њујорк годинава, стои во соопштението.

Премиерот Спасовски се заблагодарил на ОН за принципиелната помош преку сите нејзини агенции и преку програми, во подготовката на Волонтерскиот национален преглед, но и во конкретната поддршка на делот на заштитата на животната средина и социјалната инклузија.

– Како земја којашто ја заокружува стратешката цел за членство во НАТО и којашто очекува напредок во евроинтеграциите, откако ги завршивме сите преземени обврски што се очекуваа од нас, продолжуваме со определбата да даваме аргументи дека сме и ќе бидеме кредибилен партнер на НАТО и на ЕУ, но на ОН и на целиот демократски свет, во конструктивното справување со сите актуелни предизвици, рекол премиерот Спасовски.

Посебни ги нагласил чекорите што се преземаат во делот на заштита на Охридското Езеро, со завршувањето, во скоро време, на комплетната санација на колекторскиот систем, што се спроведува прв пат по неговата изградба во 1980 година, како и на стратешкиот проект за пренасочување на реката Сатеска, со поддршка на УНДП, со што се решава деценискиот проблем со загадувањето на езерото.

На состанокот е разговарано и за заедничката определба за справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, како и во делот на превенцијата и ресоцијализацијата. Договорено е да продолжи соработката во сите области во коишто ОН и УНДП можат да помогнат со експертизи за важните прашања на државен и на меѓународен план, информира владината прес-служба. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мециновиќ: Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија 

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

Андоновска: ЈО и Љупчо Коцевски да кажат дали ја истражиле и каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката Пулс