Утрински Весник
Македонија

Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по утврдени критериуми ќе одлучува кои се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање патни исправи.

Од МВР информират дека барањата за издавање патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата. Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител. цр/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски во Виена на средба со македонската дијаспора: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ