Утрински Весник
Македонија

Македонска Каменица со ново осветлување

Македонска Каменица со ново осветлување

Македонска Каменица, 20 февруари 2020 (МИА) – Општина Македонска Каменица денеска го потпиша договорот за Јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување.
Во врска со реализацијата на овој проект, градоначалничката Соња Стаменкова истакна дека со ова се остваруваат програмските определби на општината за енергетски ефикасна општина.
– Јавното осветлување за нас е и програмска определба, бидејки покрај тоа што имаме големи заштеди, кога би ги спомнале финансиските импликации од реализацијата на проектот, ќе имаме и поквалитетен живот. По имплементација на овој процес ќе може сите да видиме еден европски и светол град со кој може да се пофалиме, рече Стаменкова.
Потпишувањето на договорот, како што додаде Стаменкова, е поттик општината да продолжи и понатаму во таа насока, особено по донесување на новиот закон за енергетска ефикасност со кој според неа ќе се остварат и дел од заложбите на општината за имплементирање на целосно енергетски ефикасна општина.
Проектот е дел од регионалната програма за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор, преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестиционата рамка на Европската Унија за Западен Балкан. вс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност