Утрински Весник
Спорт

Вајлдер и Фјури за малку ќе се степаа на прес-конференција

Вајлдер и Фјури за малку ќе се степаа на прес-конференција

Лас Вегас, 20 февруари 2020 (МИА) – Светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер и неговиот противник Тајсон Фјури за малку ќе имаа физичка пресметка пред прес-конференција во Лас Вегас.

Двајцата лути ривали застанаа еден кон друг и почнаа да си кажуваат нешто в лице. Ова траеше околу една минута, по што Американецот го турна Британецот, по што на ист начин возврати Фјури. Тогаш реагираа членови на боксерските тимови и лицата од обезбедувањето кои спречија тепачка.

Битката помеѓу Вајлдер и Фјури ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас.

Триесет и четиригодишниот Вајлдер има 42 победи и 1 реми. Од друга страна, 31-годишниот Фјури  има 29 победи и 1 реми.

Првиот меч меѓу нив се одржа на 1 декември 2018 година и заврши нерешено. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот