Утрински Весник
Спорт

Карл-Ентони Таунс на принудна пауза поради повреда на раката

Карл-Ентони Таунс на принудна пауза поради повреда на раката

Вашингтон, 20 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Минесота, Рајан Саундерс изјави дека центарот Карл-Ентони Таунс ќе биде надвор од теренот неодредено време, поради повреда на левата рака, пренесе „ЕСПН“.

Таунс веќе неколку недели има проблеми со раката. Тој ја пропушти последната средба пред паузата за НБА „Ол-стар“ мечот.

Во тековната сезона 24-годишниот Таунс има 26,5 поени и 10,8 скокови во просек по натпревар. Тоа се најдобрите негови индикатори во петте години од неговата НБА кариера. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина