Утрински Весник
Спорт

Победи за Аталанта и Лајпциг во првите дуели од осминафиналните пресметки со Валенсија и Тотенхем

Аталанта постигна 61 гол во 23 кола на Серија А, најмногу по 1960 година

Милано, 20 февруари 2020 (МИА) – Аталанта и Лајпциг направија голем исчекор кон четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони по победите синоќа во првите дуели од осминафиналето.

Аталанта на домашен терен (во Милано) го совлада тимот на Валенсија со 4:1. Стрелци на головите за домаќините беа Хетбур (два), Иличич и Фројлер, додека за гостите погоди Черишев.

Лајпциг беше поуспешен од Тотенхем во Лондон со 1:0. Мечот го реши Вернер со голот од пенал постигнат во 58. минута.

Реваншите се на 10 март. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина