Утрински Весник
Спорт

Лалана на лето си оди од Ливерпул

Лалана на лето си оди од Ливерпул

Ливерпул, 19 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул е на излезна врата на „Енфилд Роуд“. Како што пишуваат британските медиуми, тој нема да го продолжи договорот со „црвените“ и ќе стане слободен играч во потрагата по нова средина во кариерата.
Лалана е во Ливерпул од 2014 година по трансферот од Саутемптон за 25 милиони фунти.
Како можна дестинација за него се споменува Лестер на чие кормило е Брендон Роџерс, менаџерот кој и го ангажира Лалана во Ливерпул пред шест години. сѓд/  

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од кошмарот во Кардиф до четврти шешир: Македонија поразена 7-1 од Велс

Ракометарите на Вардар се вратија на првото место

Два златни, еден сребрен и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025″