Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Потврда од „Олд Трафорд“: Крај на сезоната за Рашфорд, го пропушти и ЕП

Потврда од „Олд Трафорд“: Крај на сезоната за Рашфорд, го пропушти и ЕП
Img 7972

Манчестер, 19 февруари 2020 (МИА) – Лоши вести за навивачите на Манчестер јунајтед, но и на англиската фудбалска репрезентација. Повредата на Маркус Рашфорд е толку сериозна што многу веројатно ќе значи пропуштање на останатите дел од сезоната во Премиер лигата, а неизвесен е неговиот настап и на Европското првенство.
– Се надевав дека ќе можеме да сметаме на него до крајот на сезона, но контролата покажа дека повредата е потешка одошто мислевме. Потребно е долг период на рехабилитација. Не сум доктор за да предвидам, но, како што стојат работите, пред него се неколку месеци пауза. Ако не биде доволно подготвен, нема да оди ниту на Европското првенство, потврди Солскер кој не може да смета ниту на Пол Погба.
Јунајтед утревечер му гостува на Бриж во првиот шеснаесетфинален натпревар во Лига Европа. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг