Утрински Весник
Спорт

Формула 1: Хамилтон најбрз на првите тестови пред сезоната

Формула 1: Хамилтон најбрз на првите тестови пред сезоната
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Барселона, 19 февруари 2020 (МИА) – Првите тестови пред почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот минаа во знак на Луис Хамилтон. Пилотот на Мерцедес беше најбрз на патеката крај Барселона на која оствари време од 1:16,976 минути.
Четирикратниот шампион Себастијан Фетел требаше да се вози во Ферари, но по задолжителната фотосесија со останатите возачи, се врати во хотелот бидејќи, како што истакна, не се чувствувал добро, јави Би-Би-Си.
Новата сезона во Формула 1 шампионатот почнува на 15 март со трка за Големата награда на Австралија во Мелбурн. Титулата ќе ја брани Лујис Хамилтон.  сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата