Утрински Весник
Македонија

Полициска акција во Крушопек за недозволена трговија со дрога

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје,  19 февруари 2020 (МИА) – Во селото Крушопек во скопски Сарај во тек е полициска акција и се прават претреси во врска со недозволена трговија со дрога, потврди МВР за МИА.

Од Министерството посочуваат дека мерките се преземени по насока од јавен обвинител и по наредба од судија на претходна постапка.

Засега не се соопштува за каква дрога се работи и за колкаво количество, а според објавите во некои медиуми станува збор за голема пратка кокаин што наводно требало да се транспортира во Словенија.  хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

СДСМ: Македонија е со највисока стапка на западнонилска треска во Европа

Уапсен возач од Полска на ГП „Табановце“ – возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч