Утрински Весник
Спорт

Ужас во Мексико: Фудбалер усмрти судија за време на натпревар

Ужас во Мексико: Фудбалер усмрти судија за време на натпревар

Гвадалупе, 19 февруари 2020 (МИА) – Насилното однесување во спортот дефинитивно ги мина сите граници во Мексико. Според пишувања на тамошните медиуми, Џонатан Г., фудбалер на локална нисколигашка екипа, го удрил и оттурнал судијата Ернан Ернандез кој при падот удрил со главата на земја и 15-тина останал да лежи без свест. Итно бил префрлен во болница каде, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

Мексиканскиот весник „Ел Насионал“ пишува дека полицијата набрзо пристигнала на лице место при што сите, како виновник, го посочиле 23. годишниот Џонатан Г. кој веднаш заврши во притвор.

Весникот наведува дека фудбалерот, покрај обвинението за кривично дело, на товар му се става и дополнителна отежнувачка околност дека не сторил ништо за да му помогне на Ернандез. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026