Утрински Весник
Македонија

Пецас: Сега кога француската страна е поотворена за компромис, малку повеќе сме оптимисти

Пецас: Сега кога француската страна е поотворена за компромис, малку повеќе сме оптимисти

Атина, 19 февруари 2020 (МИА) – Многу е позитивно тоа што конференцијата доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, кој имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис. Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, рече заменик министерот под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничата на МИА од Атина, во однос на министерската конференција за Западен Балкан што во понеделник ќе се одржи во Солун.

– Мислам дека е уште форум, уште една алатка за да можеме да ја развиеме нашата политика што секогаш ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Многу е позитивно тоа што доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, која имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис. Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, рече Пецас во однос на тоа колку конференцијата ќе придонесе за забрзување на европската перспектива на Скопје и Тирана.

Во понеделник, на 24 февруари 2020, во Солун ќе се одржи конференција за поддршка на европската перспектива на регионот „Од Солун до Загреб”, на која ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ и шефовите на дипломатиите на државите кандидати за членство од Западен Балкан. На конференцијата ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Конференцијата е дел од грчките иницијативи за поддршка на европската перспектива на земјите во регионот, а беше најавена на крајот на ноември, како што тогаш објави МИА, на редовниот брифинг со новинарите во Министерството за надворешни работи на Грција, кога портпаролот на грчкото МНР, Александрос Гениматас ги спомена активностите што планира да ги преземе Атина. На крајот на јануари, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис го поканил комесарот за проширување и соседство на ЕУ, Оливер Вархеји, да присуствува на конференцијата во Солун. ср/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!