Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво

Пендаровски прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво
Img 7972

Скопје 19 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ги прими Иван Џепароски, Љупчо Митковски и Љубомир Гајдов, претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, соговорниците го запознале Пендаровски со нивните проблеми и предизвици, со иницијативите и актуелните проекти за нивното надминување, како и со визијата и стратегијата за реформа, афирмација и промоција на филозофското образование.

На средбата била нагласено дека филозофијата ги учи младите да размислуваат методски и ги воведува во моралните и естетските вредности.

Претседателот Пендаровски ја нагласил потребата од натамошно негување на креативното изразување, како и неопходноста од поттикнувањето на критичката и филозофската мисла, како значајна придобивка и еден од основните предуслови за развивање на демократските капацитети на секое општество. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ

Поранешен сопруг ја следел и вознемирувал жената две години, ОЈО бара притвор

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс