Утрински Весник
Магазин

Кралицата Елизабета забрани Хари и Меган да го користат кралскиот бренд

Кралицата Елизабета забрани Хари и Меган да го користат кралскиот бренд

Лондон, 19 февруари 2020 (/) – Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган ќе мора да се откажат и од „кралскиот бренд“ откако одлучија да се повлечат од дворецот и да станат финансиски независни.

Британската Кралица Елизабета Втора верува дека не е одржливо Хари и Меган да ја користат придавката „кралски“ во својот бренд.

Хари и Меган потрошиле десетици илјади фунти на новата веб-страна „Сасекс ројал“ за да го надополнат својот популарен Инстаграм профил.

Хари и Меган имаат во план да го регистрираат „Сасекс ројал“ како заштитен знак за различни цели и активности, вклучувајќи облека, честитки, книги и материјал за настава.

Преземаат и чекори да основаат нова хуманитарна организација „Сасекс ројал“ Фондација на војводата и војвотката од Сасекс, но сега е јасно дека ќе мора да го променат името на фондацијата. ки/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026

Експертите предупредуваат на драматичен пораст на онлајн експлоатацијата на деца