Утрински Весник
Македонија

Средба на делегации на ТХП и МАТТО

Средба на делегации на ТХП и МАТТО

Скопје, 19 февруари 2020

Делегација на Партијата за движење на Турците (ТХП) предводена од претседателот на партијата Енес Ибрахим, оствари работна средба со Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО).

На средбата беа разгледани повеќе теми кои се поврзани со трговијата, образованието и туризмот, како и проблемите, потешкотиите со кои се соочуваа бизнис секторот и можните солуции за брзо надминување на истите недостатоци.

Иако ТХП е етничка партија, нашата основна цел е придонес во сите општествени сфери, со што ќе се овозможи прогрес за сите граѓани на Република Северна Македонија. Затоа ваквите средби се особено важни за да се детектираат клучните потреби на економската и бизнис сферата и истите да се интегрираат во изборната програма на ТХП.

Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП)

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ