Утрински Весник
Спорт

Мурињо: Оваа сезона веќе не сметам на Сон

Мурињо учи германски додека бара нов клуб

Лондон, 19 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, рече дека до крајот на сезоната нема да смете на Сон Хунг Мин. Кореецот се здоби со фрактура на натпреварот во Премиер лигата против Астон Вила.

– Ситуацијата со Сонг Хунг Мин не можете да ја замислите колку е лоша од гледна точка на замена на овој играч. Сè е премногу очигледно и тука не може да се стори ништо. Ќе играме со помош на оние што ги имаме. Оваа сезона нема да сметам на Сон. Ако тој може да одигра два-три натпревари, тогаш тоа ќе благодарение на оптимизмот на нашиот прес-аташе, изјави Мурињо.

Тотенхем вечерва од 21 часот е домаќин на Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ