Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за „Монструм”

Ново рочиште за „Монструм”

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм”. На последното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, во април 2012 година, сведочеше поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев пред судот рече дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“.

На една од средбите, некои од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им ги презентирал аудиоматеријали што ги побарале, без да им даде копија. Свое сведочење по однос на „бомбите” имаше и свиркачот Звонко Костовски.

Обвинението за овој предмет го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, додека судењето го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На граничните премини нема подолги задржувања

Денес (недела 8 јуни) ќе биде најтоплиот ден досега оваа 2025 година!

Најголемо врсничко насилство трпат 11-годишните момчиња