Утрински Весник
Економија

Стопанската комора на Македонија одбележува 98 години постоење

Стопанската комора на Македонија одбележува 98 години постоење

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Целата енергија како држава да ја насочиме кон градење нова визија и дефинирање на идните развојни приоритети, базирани на поконкурентна економија и силни извозни капацитети, нови извозни компании и извозни производи што ќе бидат конкурентни на светските пазари. Ова е пораката што ќе ја испрати денеска Стопанската комора на Македонија, која одбележува 98 години постоење.

По повод годишнината, Комората во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (OEЦД) организира панел-дискусија на тема „Западен Балкан на глобалните пазари: Нови можности за трговска размена и инвестиции“. На панел-дискусијата ќе се обрати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, а најавени се и премиерот Оливер Спасовски, како и вицепремиерката за економски прашања Mила Царовска.

На одбележувањето 98 години постоење на кое ќе присуствуваат владини функционери и еминентни претставници на бизнис-заедницата, меѓународните организации и научната јавност, Комората ќе им додели и награди на компаниите членки што биле најуспешни во 2019 година.

Главното мото на Комората годинава е „Со членството моќни, во визијата истрајни”. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност