Утрински Весник
Македонија

Чулев: Воопшто не размислувам за оставка

Чулев: Воопшто не размислувам за оставка

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Воопшто не размислувам за поднесување на оставка. Вака на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, му порача на премиерот Оливер Спасовски, откако, како што пишува министерот Чулев, попладнево, низ медиумите беа објавени низа шпекулации и невистини поврзани со наводна моја оставка во техничката влада.

-Во оваа прилика сакам да му порачам на Оливер Спасовски, на партиските структури во МВР кои се поставени од него и на криминалните структури кои СДСМ ги поддржува, дека воопшто не размислувам за поднесување оставка. Напротив, до последниот ден ќе останам во техничката влада и цврсто ќе се борам против сите остатоци од неговото лошо владење во државата и криминалот и бескомпромисно ќе се залагам за чист изборен процес. Граѓаните треба бидат сигурни дека нема да потклекнам пред притисоците и заканите од СДСМ и криминалните групи и борбата против криминалот ќе продолжи со несмален интензитет, а за секое постапување во Министерството за внатрешни работи кое е спротивно на законите и законските процедури ќе следи соодветна дисциплинска постапка, пишува министерот Чулев, на својот фејсбук профил.

Воедно министерот Чулев, го обвинува премиерот Спасовски, за злоупотреба на Министерството за внатрешни работи во партиски цели и објавување на спинувани информации во медимите.

-Денешниот случај во кој официјалната веб страница на Министерството за внатрешни работи е злоупотребена за објавување на партиски соопштенија напишани од страна на СДСМ прво говори за паниката во која тие се наоѓаат, а потоа е уште еден аргумент на моите тврдења дека наместо професионализација, Оливер направи груба партизација на Министерството за внатрешни работи, односно постави луѓе кои слепо му веруваат и ги почитуваат партиските директиви дадени од негова страна. Ваквите постапки не покажуваат ништо друго, туку говорат дека СДСМ е во паника од понатамошно објавување и споделување на сите криминали, пишува Чулев. оџ/вј/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција