Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во Берово

Крводарителска акција во Берово

Берово, 18 февруари 2020 (МИА) – Се поголем е бројот на крводарители од Берово кои над 30 пати дарувале крв и се вброиле во хуманите граѓани кои спасиле потенцијален човечки живот.

Еден од ретките кои веќе се ближат до бројката од 40 дарувања е беровецот Горан Тасевски, кој на последната крводарителска акција по 39-ти пат ја покажа својата хуманост. Истакна дека дарува за да помогне, но и затоа што се чувствува полесно.

– Дарувањето крв за мене е рутина, бидејки секогаш кога можам се придружувам на акциите кои од една страна ми помагаат да се чувствувам подобро, но од друга страна ме прават задоволен кога знам дека со дарувањето можеби ќе помогнам некому, вели Тасевски.

Упатува порака до сите кои сакаат да пробаат, да не се двоумат, бидејки само така ќе почувствуваат, како е да се дарува крв.

– Апелирам особено помладите да пробаат, бидејки нема ништо поубаво кога ќе се решиш да помогнеш. Дарувањето е на секои три месеци и те прави да се чувствуваш како подмладен, додаде Тасевски.

Во последната крводарителска акција, што се спроведе во Берово беа собрани над 40 крвни единици. Акцијата ја спроведоа Општинската организација на Црвен крст од Берово и Институтот за трансфузиона медицина од Штип. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро

Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати