Утрински Весник
Македонија

Холандскиот амбасадор во посета на Општина Кочани

Холандскиот амбасадор во посета на Општина Кочани

Кочани, 18 февруари 2019 (МИА) – Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп попладнево ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев. На средбата, која е дел од проширената посета на амбасадорот на холандските инвестиции во Кочанско, беа разменети мислења за локалниот стопански амбиент и потребите за поддршка на инвеститорите.

– Со амбасадорот разговаравме за правците и можностите за развој на Кочани, посебно за унапредување на досегашната одлична соработка со холандски инвеститори. Очекуваме воспоставените односи да продолжат со нови инвестиции во земјоделството, но и во планинскиот и бањскиот туризам, истакна градоначалникот Илијев.

Амбасадорот Коп ја потенцираше досегашната успешна соработка на стопански план која резултира со инвестиции од пет холандски фирми во општина Кочани.

Од почетокот на мандатот на амбасадорот Дирк Јан Коп, во септември минатата година, ова е негова прва посета на единица на локалната самоуправа во нашата земја. та/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Казни од 250 евра за родители чии деца вршат насилство

92годишна жена удрена од автомобил

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година