Утрински Весник
Македонија

Ликовна работилница по повод Меѓународниот ден на батеријата

Ликовна работилница по повод Меѓународниот ден на батеријата

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Под мотото „Да бидеме одговорни денес за подобра иднина утре“ денеска се одбележа Меѓународниот ден на батеријата во Скопје. На настанот се вклучија учениците и наставниците од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, кои преку ликовна работилница дадоа свој придонес во зголемувањето на свеста за заштита на животната средина и управувањето со токсичниот отпад.

Како што соопшти Општина Аеродром, учениците на одбележувањето на денешниот ден добиле мали садови за собирање батерии со информации за штетноста на отпадните батерии и информација за еколинијата на која се пријавува електричен и електронски отпад.

-Ваквите еконастани имаат големо значење и се дел од мерките за заштита на животната средина. Преку нив граѓаните се информираат и се праќа апел за неопходноста од селекција на е-отпадот во посебни канти наменети исклучиво за овој тип отпад. Здружението „Нула отпад“ бесплатно го презема отпадот од домовите на граѓаните, соопштуваат општинските власти.

Во рамки на настанот денеска се одржа и екотрка за најмладите.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!