Прилеп, 18 февруари 2020 (МИА) – Прилепското средно електромашинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ денеска потпиша меморандум за соработка со Делегацијата на германското стопанство за спроведувањето на проктот дуално образование. Тоа подразбира истакнување табла за проектот во училиштето и во трите прилепски компании: „Гентерм“, „Витаминка“ и во „ ВИК“ за спроведување практична настава за оспособување стручни кадри според германското дуално образовние, адаптирано на условите во државава.
Во прилепското средно училиште дуалното образование го почнаа две паралелки со вкупно 20 ученици во две струки: техничар за индустриска мехатроника и техничар за производствено машинство.
Според Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во државава овој модел е директно спроведување на германскиот, адаптиран на македонски услови.
-Го промовираме дуалното стручно образование што го спроведуваме. Во вашето училиште започнува имплементацијата на вашиот проект, односно двата профили што ги промовираме: машинистите и мекатроничарите. Заедничко и ново за целиот проект што го спроведуваме со компаниите и Делегацијата на германското стопанство е зголемувањето на практичната обука на учениците во рамки на нивното формално образование во училиштето. Во овој случај, учениците ќе имаат можност да се запознаат со производствените процеси во текот на учењето и стекнувањето на образованието и да видат како функционира работата во компаниите, изјави Мартенс.
Според анализите и истражувањата, младите, не се целосно подготвени да навлезат на пазарот на труд, веднаш по завршување на образованието.
– Затоа сме среќни што заедно со „Витаминка“, „Гентерм“ и компанијата „ВИК“ во Прилеп направивме основа за развој на образованието на учениците, вклучувајќи ги теориската и практичната настава. Среќни сме што со поддршка на Министерството за образование успеавме да ги вметнеме овие два профила. Покрај дипломата што учениците ја добиваат по матурата, со полагање стручен испит за квалитетот на практичната настава, учениците ќе добијат и сертификат од нашата Делегација, објаснува Мертенс.
Како Делегација на германското стопанство, заедно со компаниите и со училиштатата, се нудат информации за сите кои покажуваат интерес за овој проект.
-Најважната порака која до сите млади ја упатуваме со овој проект, е тоа што сакаме да им покажеме дека во овие струки, во ова образование, има перспектива во Македонија, сакаме да им покажеме дека има перспектива во приватниот сектор, во инвестициите што се овде и да им овозможиме, секако, останување во нашата земја и работа во својата татковина, вели Мартенс.
Проектот во државава се спроведува во Прилеп, Битола, Охрид, Велес и Кавадарци заедно со 10 компании. Во наредниот период ќе се формираат паралалки и во Скопје и во Тетово.
-Сега сме застапени во пет градови со 100 ученици, во секој град од по 20 ученици. В година сметаме на бројка до 130 ученици. Ова е значајна брока за земјава која се соочува со недостиг од работна сила од сите области. Сметаме дека ова е показател дека во иднина овој проблем ќе се намали, па дури и ќе го нема. Компаниите не ќе може да кажат дека квалитетот на практичната настава на учениците е лош, зашто тие ќе учествуваат во процесот. Сметаме дека со овој проект ќе се зголеми атрактивноста на стручните училишта во земјава. Има согласност од учениците, родителите, од образовниот систем и од компаниите, објаснува Мертенс.
На прашањето дали може да се очекува зголемување на платите затоа дека една од главните причини што младите заминувааат од земјава се ниските плати Мартанс наведе дека стручноста обезбедува професионален напредок.
-Платите во компаниите се различни. Со проектот учениците доколку се вработат во компаниите, имаат можност за унапредување и надградба што ќе влијае и на висината на платата. Платите се развиваат со дигитализацијата во компаниите. Целта на оваа програма е обезбедување квалитетна работна сила со вложување на младите за тие да останат тука, да работат во компаниите и да им се даде перспектива за кариерен зазвој во земјава. Но никому не може да забраните да истражува нови земји и култури,но трошоците во другите земји не се многу поволни, па тоа би било едно „освестување“ на младите лица да останат во земјава. Па младите по две-три години повторно се враќаат, објаснува Мартенс.
Во државава сертификатот кој овозможува практична настава е до 50 насто, а во Германија е 80 проценти практично образование.
Билјана Трајкоска, директор на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ смета дека ова не е „Пасош“ за Германија.
-Сертификатот на Делегацијата на германското спопанство не значи „пасош“ за Германија, туку напротив. Во однос на нашите прилики и потреби на македонскиот пазар, потребите на компаниите, тие кандидати ќе имаат предност во компаниите од другите. Сертификатот е гаранција според кои критериуми учениците ги стекнале практичните знаења. Не мора да се вработат во компаниите каде имале практична настава, но сертификатот ќе им помогне дека стручно се оспособиле и ќе имаат предност, а и можност да го продолжат образованието, рече Трајкоска.
Проектот на Делегацијата опфаќа пет градови со десет компании и 100 ученици. Се спроведува и во Битола, Охрид, Велес и во Кавадарци, а в година и во Скопје и во Тетово.ем/лв/