Утрински Весник
Македонија

Јанушев: Блиску е 12 април, обновата доаѓа

Јанушев: Блиску е 12 април, обновата доаѓа

18 февруари 2020 

Продолжуваме со посетите „Обновата на Македонија доаѓа“. Денес сме во посета на општините Делчево и Македонска Каменица. Посетивме голем број на фирми, се сретнавме со граѓаните, имавме неколку состаноци со целни групи, но ќе имаме и партиски состаноци, се разбира.

Она што можам да го видам во состаноците со сите овие, и со средбите со сите овие луѓе огромното незадоволство кое го гледаме од актуелната власт, од оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев. Она што можам да го пренесам е дека особено стопанствениците, бизнис климата, целиот овој економски сектор е тотално нарушен и едноставно економската ситуација е целосно девастирана како впрочем што и се случува во секој сегмент од нашето општество.

Луѓето очекуваат промени, луѓето очекуваат дека конечно ќе дојде обновата на Македонија каде што нашата држава ќе ја направиме едно пристојно место за живеење каде што секој еден од нас ќе може да има еден квалитетен живот.

Она што веќе го најавивме, го продолжуваме и во овие денови. Како што веќе имавте прилика да видите најавени се огромни инвестиции во инфраструктурата.

Две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата, нов автопат кои ќе ги поврзува Скопје и Битола преку Велес и Прилеп. Повеќе од 150 километри инвестиции во нови експресни патишта, но и буквално нема да оставиме ниту еден магистрален пат кој што нема да биде саниран односно рехабилитиран.

Нови инвестиции во железницата и во пругите, нови инвестиции и во канализации и водоводи, но и носење на нови авиокомпании кои што ќе понудат евтини летови. Знаете дека тоа можеме и знаеме како да го направиме. 12 Април е блиску, обновата доаѓа.

Новинарско прашање:До нас пристигнаа информации за вршење на притисоци од страна на локални функционери на СДСМ врз вработените во локалните институции. Што би имале да им порачате на овие луѓе кои што се на некој начин притиснати на своите работни места како и на самите раководители кои што го вршат тој притисок.

Одговор на новинарско прашање:Точно е ова и одговорот за жал ќе го поделам во два сегмента. Првично се притисоците кон оние луѓе, оние вработени во администрацијата кои што се поддржувачи односно членови на ВМРО-ДПМНЕ и овде имаме огромен притисок спрема нив.

Еве овде во Делчево можам да го издвојам и примерот со претседателот на нашиот општински комитет кој е пратен на работа дури во Велес. Но, притисоците се гледаат и врз останатите вработени на сите оние луѓе.

Можеби типичен пример беше она фијаско кое што вчера го доживеа СДСМ со таканаречениот марш за правда каде што имавме сите прилика да видиме на кој начин беа луѓето вадени од работа и во работно време носени. Но, да ги потсетам сите оние кои што го прават ова дека правдата доаѓа, дека 12 април е блиску, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ќе формира влада и сите оние кои што ги прават овие неправилности и прекршувања на закон ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ