Утрински Весник
Спорт

Русите очекуваат полна сала за натпреварот со македонската репрезентација

Русите очекуваат полна сала за натпреварот со македонската репрезентација

Москва, 18 февруари 2020 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација на 23 февруари гостува во Перм каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. Домаќините очекуваат голема поддршка од трибините.

  • Очекуваме полна сала за дуелот со Северна Македонија во Перм. Веќе трета година сме домаќини на националниот тим. Нашата репрезентација победи во претходните двапати, дај боже и овој пат да биде така. Градот живее за кошарката, изјави министерот за физичка култура и спорт на територијата на Перм, Владимир Епанов.

Средбата ќе се одржи во салата УДС „Хамер“ која е со капацитет од 7.000 гледачи. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот