Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сите го поздравуваат носењето на Законот за ЈО, само на криминалците од ВМРО-ДПМНЕ не им одговара

СДСМ: Сите го поздравуваат носењето на Законот за ЈО, само на криминалците од ВМРО-ДПМНЕ не им одговара

Скопје, 18 февруари 2020

Усвојувањето на Законот за Јавно обвинителство е поздравено од САД, од ЕУ, од Европската комисија, од амбасадори, сите го поздравуваат само на криминалците од ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски не им одговара.

Пораките од западниот, демократски свет се јасни: реформските закони се придонес кон правдата и европската перспектива на земјата.

Само ВМРО-ДПМЕ и извршителот Мицкоски се против Законот за јавно обивинителство, против НАТО и ЕУ, против правдата, против напредокот против целиот демократски свет.

Тоа е политиката на ВМРО-ДПМНЕ на блокади, изолација, враќање назад, криминал и корупција.

Нема враќање назад, ниту пак ќе има спас на криминалците од режимот на Никола Груевски.

Секој што го прекршил законот ќе одговара. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

На 12 април извршителот Мицкоски го чека уште еден голем пораз од граѓаните, режим никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка