Утрински Весник
Македонија

Жбогар: Усвоените реформски закони ја потврдуваат заложбата на земјата за интеграција во ЕУ

Жбогар: Усвоените реформски закони ја потврдуваат заложбата на земјата за интеграција во ЕУ

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Го поздравувам усвојувањето на повеќе реформски закони, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Нивната имплементација треба да го зајакне владеењето на правото и ќе овозможат подобра професионализација и ефикасност на судството за добробит на граѓаните на Северна Македонија, објави денеска евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар во пишана изјава.

Евроамбасадорот, во пишаната изјава, наведува дека поздравува фактот што Собранието пред да се распушти поради закажаните избори на 12 април, ги донесе и Законот за Советот за јавни обвинители и Законот за управување со движењњето на предметите во судовите.

Овие закони, заедно со Законот за лицата без регулиран граѓански статус, и Изборниот законик, кореспондираат со препораките на Извештајот на ЕУ за земјава и ја потврдуваат заложбата на Северна Македонија да продолжи по патот на интеграцијата во Европската Унија, наведува Жбогар. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила