Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Батлер има желба во Чикаго да ја заврши кариерата

Батлер има желба во Чикаго да ја заврши кариерата
Img 7972

Чикаго, 18 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Мајами, Џими Батлер, без двоумење, одговори потврдно на прашањето, дали некогаш би сакал да се врати во Чикаго.

– Да, се разбира. Ова е Чикаго. Овој град е мој дом долго време и сè уште останува мој дом. Дефинитивно, постои шанса да се вратам, можеби пред крајот на кариерата. Кој знае, ќе откриеме кога ќе дојде време за тоа, вели Батлер во изјава за „Чикаго тајмс“.

Триесет годишниот Батлер НБА кариерата ја почна во Чикаго булс во 2011 година. Во 2017 замина во Минесота, а потоа една сезона одигра за Филаделфија, пред да потпише за Мајами. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН