Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пресот на Николовски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

Скопје, 17 февруари 2020

Очајната ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од над 15.000 граѓани вечерва и затоа е во паника, шири лажни вести преку човек кој изгубил на суд за изречена клевета
 
Прес конференцијата на Александар Николовски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски кој не успеа да го одбрани криминалот на Никола Груевски.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја доби пораката од граѓаните кои се заложија за правда и одговорност за криминалите и затоа се во паника.
Знаат во белиот дворец што ги чека, одговорност за нивниот криминал, за сето зло што го направија и нов пораз. Силен пораз, не на 12 април, уште денеска во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека се веќе готови и ќе одговараат, тоа е комбинацијата којашто ги толчи.
СДСМ работи а ВМРО-ДПМНЕ шири лаги.
СДСМ носи закони за граѓаните, покачува плати, пензии, социјална помош, носи правда, членство во НАТО, на чекор сме до ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции, прво преку нивните медиуми а после и на прес конференции, кои немаат врска со реалноста, но со најниски напади, на семејството на претседателот Заев.
Затоа и го праќаат на прес-конференција Николовски, кој веќе изгуби на суд за изречена клевета.
Не ВМРО-ДПМНЕ, ние бараме се што повикуваат веднаш да се објави јавно и транспарентно. Да ги видат граѓаните и уште еднаш пред целата јавност да се потврдат лагите на оваа очајна партија.
Како што ќе се доближува 12 април и поразот на ВМРО-ДПМНЕ толку ќе бидат стравот и паниката кај извршителот Мицкоски, а лажните вести од белиот дворец ќе станат се поинтензивни.
Но тоа е ваш проблем, ние продолжуваме напред, тие еден чекор назад, ние три чекори напред!
Следува одговорност за сите што направиле зло, како и за оној ваш бегалец од Будимпешта, заради сите граѓани на Северна Македонија на кои им уништивте, им одземавте 11 години од нивните животи.
Правда, за сите!

СДСМ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ