Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед го победи Челси по трет пат оваа сезона

Манчестер јунајтед го победи Челси по трет пат оваа сезона

Лондон, 18 февруари 2020 (МИА) – Во премиерлигашки натпревар од 26. коло, Манчестер јунајтед синоќа на гостувањето во Лондон го совлада Челзи со 2:0.

Головите ги постигнаа Ентони Марсијал и Хари Мегваер.

За „сините“ ова беше трет пораз од Јунајтед оваа сезона, два во првенството и еден во Лига купот.

Челси со 41 бод го зазема четвртото место во поредокот во Премиер лигата, додека Манчестер Јунајтед со 38 бода се наоѓа на седмата позиција. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата