Утрински Весник
Македонија

Палмер-Спасовски: Донесените закони, меѓу кои и Законот за ЈО, ја приближуваат земјава поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите

Палмер-Спасовски: Донесените закони, меѓу кои и Законот за ЈО, ја приближуваат земјава поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски за време на дводневниот престој во Брисел, оствари средба и со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер за време на разговорот изрази честитки за донесувањето на Законот за јавно обвинителство, за Законот за одбрана, како и за другите реформски закони кои ја приближуваат Северна Македонија поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е поздравена определбата на Владата да го почитува и спроведува Договорот од Преспа и придобивките од него кои од Северна Македонија направија значаен фактор на стабилност во регионот и лидер во регионална соработка.
Во разговорот со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, е потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.
Спасовски на средбата ги повтори заложбите на нашата земја да гради силен капацитет на институциите за да се заокружат демократските реформи дома, како и да се интензивираат проектите за зајакнување на добрососедските односи во регионот.
Спасовски потенцираше дека Владата во претстојниот период е фокусирана на организирање фер и демократски избори, како и на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.
Во разговорот меѓу Спасовски и специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Палмер, беше потенцирано дека Северна Македонија очекува од ЕУ да ја исправи грешката од октомври минатата година и да донесе заслужена одлука за старт на преговорите во март, и дека тоа го очекуваат сите граѓани зашто земјата испорача и дека сега е време ЕУ да испорача резултати и да донесе правилна одлука. нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина