Скопје, 17 февруари 2020
Зоран Заев бега од тв дуел со претседателот Христијан Мицкоски затоа што нема аргументи со кои ќе го оправда криминалот, корупцијата и рекетот.
СДСМ е единствената партија во светот која протестира против себе си.
СДСМ веќе подолг период не знае што прави. СДСМ го загуби компасот, а сега ќе ги загубат и изборите.
Заев е измамник тој 3 години лаже и манипулура со граѓаните, а сега бега од соочување.
Заев бега од дуел затоа што нема како да ги оправда милионите на Вицето.
Заев се плаши од дуел бидејќи нема како да објасни зошто фирмата која ги добива тендерите во министерството за здравство гради куќа со тештата на Венко Филипче.
Заев се крие затоа што го стави во спрега судството и нема обвинител кој ќе ја расчисти неговата улога во Рекет 1 и 2.
Заев бега од дуел затоа што неговиот генерален секретар на влада – Рашковски е фатен во милионски криминал со Леонардо и Сархемс.
Заев бега од дуел затоа што е во криминал до гуша.
Заев е измамник кој глумеше демократ, за сега да си го покаже лицето на автократ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.