Утрински Весник
Македонија

Портпаролката на НАТО го поздрави донесувањето на Законот за одбрана

Портпаролката на НАТО го поздрави донесувањето на Законот за одбрана

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску, на својот Твитер профил го поздрави донесувањето на Законот за одбрана вчера во Собранието.

– Го поздравуваме донесувањето на на Законот за Одбрана во Собранието на Република Северна Македонија. Ова е важна област од реформите за државата која се подготвува да се приклучи на НАТО како полноправна членка, напиша Лунгеску на Твитер.

Законот предвидува промена на социјалниот и правниот статус на Армијата. Со него се дефинирани обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО. Се преминува од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана. Со Законот се менува и името на Армијата на Република Македонија во Армија на Северна Македонија. нд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И Извештајот на Европската комисија забележува – ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт, велат од Левица

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче