Утрински Весник
Македонија

Апатурај: Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има последици за земјата во НАТО

Апатурај: Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има последици за земјата во НАТО

Брисел, 17 февруари 2020 (МИА) – Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има негативни последици што никој не треба да ги потценува, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај во интервју за „Телма“.

– Штом Северна Македонија влезе во НАТО, таа е членка на НАТО. Сметам дека тоа треба да биде многу јасно. Тој пат, тој воз ја напушти станицата. Но и покрај тоа, мислам дека има две вистински импликации ако има некакво назадување. Едната е многу значајна – политичка импликација во рамки на оваа Организација, бидејќи секако пристапувањето беше засновано на многу важното решавање на прашањето за името. Но, исто така, ќе кажам дека ќе има политичка цена, зборувам за нас, не зборувам во име на ЕУ, но тоа е суштински елемент на прогресот на Северна Македонија кон ЕУ. И мислам дека никој не треба да ги потцени негативните последици ако има назадување од Договорот за името. Сметам дека патот на кој Северна Македонија е сега со Преспанскиот, со Договорот за името, ги покажува сите резултати кои ги очекувавме – членството во НАТО и се надевам, и очекувам исто така, напредок и кон членството во ЕУ, порачува Апатурај.

Од наша перспектива, додава тој, пред се ние правиме одличен прогрес, но како второ, во моментот кога ние ќе го поминеме прагот и Пристапниот протокол биде потпишан и депониран во Вашингтон, се надеваме март, земјата е полноправна членка на НАТО.

-Се рабира дека треба да има понатамошни чекори. Од дипломатската страна сите ќе мора да имаат безбедносно одобрение, ќе мора да продолжиме со тој процес. Во воениот дел ќе мора да имаме целосна интеграција во структурите и тоа исто така ќе одземе малку време. Тоа се важни, но, технички прашања. Реалноста е дека од моментот кога Северна Македонија ќе стане членка, ќе биде полноправна членка во се, вели тој во интервјуто.

Во врска со реформите во безбедносниот и одбранбениот сектор кои се во тек, Апатурај вели дека она што го виделе е дека  земјава го започнала патот на реформите и на суштинските реформи и многу се благодарни за тоа.

-Ние работиме многу блиску со земјата, имаме своја канцеларија таму која работи на тоа со властите. Земјата достави програма на реформи. Таа програма на реформи веќе започна, продолжува низ пристапниот процес, но и ќе продолжи со години потоа. И она што е многу важно е дека продолжува, во области како што се реформите во разузнавачкиот сектор, реформата на одбранбениот сектор. Ние ќе очекуваме тие реформи да продолжат. Тие се добри за земјата, добри се за нас, бидејќи земјата ќе може повеќе да придонесува како НАТО-сојузник. Веќе се почнати и ќе траат со години, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Џејмс Апатурај. сст/ац/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот