Утрински Весник
Македонија

Амели де Моншалан: Франција будно ја следи состојбата со владеењето на правото во Северна Македонија

Амели де Моншалан: Франција смета дека процесот на преговори треба се реформира

Париз, 17 февруари 2020 (МИА)   Франција будно ќе го следи спроведувањето на реформите во правосудниот систем во Северна Македонија, им порачала француската министерка за Европа, Амели де Моншалан на средба што неодамна ја имаше со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров во Париз.

Во соопштението на француското МНР, објавено денеска, се наведува дека Моншалан на 13 февруари разговарала со Османи и Димитров, јавува дописникот на МИА.

Во фокусот на разговорот, како што соопштија од француското МНР, било проширувањето на Европската унија, но и новата методологија на Европската комисија за реформите во пристапниот процес, објавена на 5 февруари.

Таа нагласи дека предложената методологија е во согласност со француските ставови за процесот, со цел преговорите да станат поверодостојни, поефикансни и попроверливи. 

Покрај тоа, Де Моншалан, посетила дека очекувањата на Франција се и во однос на владеењето на правото во Северна Македонија, со акцент на реформите на правосудниот систем, согласно условите утврдени со заклучоците на Советот од јуни 2018 година. тг/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола

ТДП влегува во Владата – добива вицепремиер и две заменик-министерски места?!