Скопје, 17 февруари 2020
ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има.
Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал.
Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ.
Извршителот Мицкоски е очаен губник, покорен од сите негови порази.
Од друга страна се сите успеси на државата благодарение на Зоран Заев и СДСМ во изминатите 2,5 години.
Од „заробена држава“ за само 2.5 години станавме светол пример во регионот, 30-та земја членка на НАТО, слобдна, демократска, економски напредна држава.
Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ порасна и до +4%, платите се зголемија во сите сектори, минималната плата ја покачивме за 60%, пензиите за 700 денари, социјалната помош за 300%, отворивме 60 илјади нови работни места а невработеноста ја намаливме на историски најниски 17%.
Претседателот Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите.
Тоа беше незамисливо за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ во кој Мицкоски беше најнеуспешен директор на ЕСМ кој ја поскапе струјата за 100%.
Извршителот Мицкоски чекор назад, претседателот Зоран Заев три чекори напред!
Затоа Мицкоски нека се подготви за нов пораз, а најголемиот го следи на 12 април!
СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.