Скопје, 17 февруари 2020
Зелената партија ДОМ ја поддржува иницијативата Општина Центар да распише конкурс за избор на архитектонско-урбанистичко решение за локацијата на фабриката “Треска”. ДОМ се придружува на заложбите на граѓанскиот сектор и на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Архитектонскиот факултет во Скопје и на бројни експерти.
Конкурсот ќе придонесе за заштита на јавниот интерес и обезбедување услови за хумано и квалитетно живеење, кои се нарушени од неодржливото зголемување на густината на изграденост.
ДОМ апелира до Советот на Општина Центар да донесе одлука за распишување на конкурсот, како продолжение на добрите политики на урбан развој во оваа општина.
Канцеларија за односи со јавност на ДОМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.