Утрински Весник
Македонија

Снимки и нови нови материјални докази на „Рекет”

Боки 13 на тридневен шопинг во Италија потрошил 148 илјади евра

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) –  Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец кој пак на првото рочиште призна вина и беше осуден на три години затвор.

Во петокот претседателот на судечкиот совет Васка Николовска Мазнева на почетокот на рочиштето ја исклучи јавноста поради тоа што требаше да се пуштаат снимки кои содржат материјали кои, како што рече, би изнеле содржини од приватниот живот на дел од обвинетите.

На влегување во судницата, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на новинарите им рече дека доцни на рочиштето поради тоа што бил физички нападнат од затворските службеници.

Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. бк/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни