Утрински Весник
Спорт

Лацио го совлада Интер нанесувајќи му го првиот пораз по 16 натпревари

Лацио го совлада Интер нанесувајќи му го првиот пораз по 16 натпревари

Рим, 17 февруари 2020 (МИА) – Во последниот натпревар од 24. коло во Серија А, Лацио синоќа на домашен терен го победи Интер со 2:1. Гостите од Милано први дојдоа во водство преку Ешли Јанг, Чиро Имобиле изедначи од пенал, а победничкиот гол за „лацијалите“ беше дело на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

За тимот предводен од Антонио Конте ова беше прв пораз по 16 натпревари.

Лацио со 56 бода се искачи на второто место на табелата со само еден бод зад лидерот Јувентус.

Интер падна на третата позиција со 54 бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига

СП2026: Иранските фудбалери сè уште без американски визи