Утрински Весник
Македонија

Во Велес во тек повеќе градежни активности

Во Велес во тек повеќе градежни активности

Велес 16 февруари 2020 (МИА) – Општина Велес интензивно ги реализира градежните активности од проектот за реконструкција на градски водоводни и канализациски линии. Се работи на замената на  водоводните линии на улиците „Петар Делјан”, „8 Септември”, „Богдан Каракостев”, „8 Март”, „Костурска”,  „Даме Груев” и улицата „Орце Мартинов”.

Ќе се реконструираат и канализациските линии на улиците „Страшо Пинџур” „Никола Оровчанов”, „Илинденска”, на дел од улицата „Јовче Чучук” и на дел од улицата „Орце Шутев”. Инвестиционата вредност на овој проект изнесува 44 милиони 149 илјади  и 563 денари со вклучен ДДВ.

Во тек е и постапката за избирање на најповолен изведувач за армирано бетонски коловоз на дел од улицата „Богдан Прличков” над месноста  Којник., како и за изградба на фекална канализација за прибирање и одведување на фекални отпадни води од комплексот „ВЕЛ Сити” до  „СИМПО”

Тече и постапката за избор на економски оператор за реконструкција на градскиот стадион во Велес, за што Агенцијата за млади и спорт обезбеди финансиски средства во висина од 16 милиони  денари.

Од Општина Велес најавуваат дека со подобрување на временските услови, пролеттва ќе продолжат градежните активности на пристапниот пат до и низ селото Сливник. Неговата изградба почна во септември минатата година, во должина од 5,2 километра се гради во три фази: до село Сливник, низ село Сливник и од село Сливник до село Бузалково, во вредност од 651.853 евра. Најголем дел се државни пари, 552.418 евра, обезбедени преку Платежната агенција, а останатите 99.435 евра се од буџетот на Општина Велес. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме