Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Антикорупциска најскоро да се огласи за „Касарната“ на Филипче

Стоилковски: Антикорупциска најскоро да се огласи за „Касарната“ на Филипче

Скопје, 16 февруари 2020

Почитувани,

На Водно се издига споменикот на рекетот и корупцијата на сметка на жолтицата, шугата и сипаниците, болестите во Македонија од минатиот век. Здравството колабира од скандали и корупциски афери и злоупотреби. Ама за ДКСК тука нема случај.

Ова тело зад мене, овој спектакуларно избран орган за заштита од корупцијата, за здравството нема ниту збор. За здравството, за коешто нема недела да нема нов скандал, ама за ДКСК нема основи за работа.

Исто како што за илјадниците предизборни вработувања во администрацијата, што е најотворен изборен поткуп, ДКСК бега од случајот од Касарната на Филипче на Водно, па издава небулозни соопштенија. Антикорупциската комисија се уште ќе проверувала дали има основа да поведе постапка. А што е нивна работа освен брзо да ги проверуваат ваквите случаи? Семејство на министер гради таканаречена касарна заедно со негов редовен тендераш вреден седум милиони евра.

Единствениот отворен случај за здравството беа набавките татко- ќерка за болницата на Хематологија, отворен на 9 мај лани. И јас не слушнав Одлука, не слушнав решение за овој случај.

Ќе потсетам , на истиот ден кога се отвори истрага за Хематологија, ДКСК сама го отвори и Струмички Глобал за Заев и за тоа уште нема ништо. Во таа насока, во кој дел во изборната кампања би можело да се очекува да произнесат за Глобал или пак за набавките за Хематологија?

Ова го прашувам врз искуството со нив кога отвораат и кога затвораат предмети.

Доколку антикорупциска не се огласи најскоро за градбата на таканаречената „Касарна“ на Филипче, огромно здание заеднички градено од редовен добитник на милионски тендери во здравството и мајката на сопругата на министерот Венко Филипче, и антикорупционерите се вградуваат како дел од Споменикот на рекетот и корупцијата наречен Касарната на Филипче.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата

СДСМ: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово