Утрински Весник
Македонија

Настап на танцовиот ансамбл „Уна сага сербика“ во МНТ

Настап на танцовиот ансамбл „Уна сага сербика“ во МНТ

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – По повод празникот Сретение Господово, Ден на Државноста на Република Србија, вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи манифестацијата „Уна сага сербика“ на која ќе настапи и истоименит атрактивен танцов ансамбл.

Покрај танцовиот ансамбл „Уна сага сербика“ кој ги презентира убавината, историјата и културното наследство на Балканот, ќе настапат и хорот Симонида, актерката и професор на Факултетот за современи уметности во Белград Биљана Ѓуровиќ, како и музичарот Милош  В. Николиќ кој свири на кавал, гајда и фрула.

Манифестацијата ја организираат српските невладини организации во земјава. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година