Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Собранието почна расправата за законот за Советот за јавни обвинители

Во Собранието почна расправата за законот за Советот за јавни обвинители
300x250 opst2

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Собранието денеска ја продолжи 135-та седница со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за јавното обвинителство, по кој расправата е веќе завршена и треба да се гласа. За донесување на овој закон е потребно двотретинско мнозинство.

Пред почетокот на седницата пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од сите пратенички групи, како што рече, да се стават на страната на правната држава со тоа што ќе дадат поддршка за Предлог-законот за јавно обвинителство.

Тој не можеше да каже дали власта го има обезбедено двотретинско мнозинство потребно за донесување на овој закон, ниту дали ќе се гласа за него. Само кусо рече дека е отимист оти до чинот на гласање најмалку 80 пратеници ќе го имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава.

Пратеникот од ДУИ Артан Груби денеска на прес-конференција рече дека за законот за јавно обвинителство ќе се гласа утре, и оти сите што се за европска иднина на земјата ќе го поддржат законското решение.

За утре е закажана 137. седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија, поднесен од Талат Џафери. сст/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села