Утрински Весник
Македонија

Поради дожд ситни одрони на повеќе места на патниот правец Делчево – Кочани

Поради дожд ситни одрони на повеќе места на патниот правец Делчево – Кочани

Делчево, 14 февруари 2020 (МИА) – Дождот кој го зафати Пијанечкиот регион ги врати одроните на патниот правец Делчево – Кочани. Возачи информираат дека одроните иако се од помал обем сепак се доволни да предизвикаат штета по возилата кои сообраќаат на споменатата локација.

-Апелираме сите кои патуваат преку овој патен правец да внимаваат, бидејки одроните се на повеќе места, почнувајки од Кочани кон Македонска Каменица после Истибања, како и од Македонска Каменица кон Делчево во атарот на селата Илиово и Драмче. Иако се работи за ситни одрони сепак при брзо возење истите можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот, велат возачите.
Додаваат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози, а дополнителен проблем на возачите покрај дождот им прави и маглата, што според нив е уште една причина учесниците во сообраќајот да возат внимателно.
Од „Македонија пат” посочија дека нивни екипи редовно го контролираат теренот и онаму каде има појава на одрони се реагира согласно можностите за работа во вечерни услови. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори