Утрински Весник
Спорт

Лизгалиштето на Кале доделено на Федерацијата на лизгачки спортови

Лизгалиштето на Кале доделено на Федерацијата на лизгачки спортови

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Популарното скопско лизгалиште под Кале, во следните 30 години ќе го управуваа Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија. Во соопштението до медиуми на ФЛС, се вели дека денеска во просториите на Јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти е потпишан договор за долготраен закуп.

Договорот се наведува во соопштението бил потпишан од страна на директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, Шпенди Хајредини и Цветанка Макаровски, претседателка ФЛС.

Со овој договор, како што потенцираат од ФЛС лизгалиштето Кале, кое со години беше оставено на забот на времето, од денес ќе биде во функција на спортистите, рекреативците и сите љубители на лизгањето.

– Конечно нашите заложби за подобро утре на лизгачите и спортистите од денес се реалност. Сакам да упатам огромна благодарност до советниците за спорт и млади на Претседателот на Влада, Даниел Димевски и Ѓорги Тасев кои дадоа максимална поддршка и ја препознаа нашата визија и заеднички со директорот Хајредин ни го дадоа на стопанисување овој објект. Ќе направиме се, ќе ги вложиме сите капацитети лизгалиштето да почне со работа до крајот на годината, на нашите спортисти и спортистки да им овозможиме продолжување на сезоната со тренинзи, но и да потикнеме граѓаните и младите рекреативно да се занимаваат со лизгање, рече Макаровски.

Директорот Хајредин потенцираше дека враќање на објектите на националните спортски федерации се клучни со цел да се овозможи поголем развој и афирмација на лизгањето и со тоа да се исполнат заложбите на Владата – објектите да се вратат на спортистите и на граѓаните.

Заедничката визија и заложби на владините претставници и спортските работници се дека со ставање во функција на лизгалиштето ќе се создадат услови за поголем развој и омасовување на овој спорт, а федерацијата ќе продолжи да работи во интерес на спортистите. Воедно на ФЛС и беше доделен спортски ваучер што ќе се користи за унапредување и афирмација на работата на Лизгачката федерација. оџ/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига